Alifaan – The Human Fly

Преглед на прозорците во Taskbar-от во Windows XP

Tags: , ,

Корисниците на Vista знаат дека доколку застанат со маусот над некој од прозорците во тарскбар ќе имаат можност да видат мала слика која всушност преставува преглед на она што има отворено во тој прозорец. Но тоа не е така за корисниците на XP. Не е така со самата инсталација, но со додатна програма можно е и тоа.

Visual Task Tips е програмата со која е можен преглед на прозорците од таскбарот. Доста корисна, и има големина од само 102kb. Нема да зажалите доколку ја искористите.

The Human Fly

Големата преселба на народите

TAGS: None

domainКонечно се случи и тоа. Човечката мува одлета на југ, во потоплите краишта. Од нејзината стара локација http://alifaan.cyberlounge.biz се пресели на нова потопла, попријатна, подостапна локација http://alifaan.com.

Одсега па натаму ова е локацијата каде ќе можете да ја најдете!

TypeRacer – колку си брз на пишување?

Tags: ,

TypeRacer преставува интересна веб страна, на која се наоѓа интересна игра. Играта се состои од пишување на дадени реченици, а за биде поинтересно сето тоа е направено во вид на натпревар. Доаѓате на страната, се пријавувате за трка, и чекате додека не се пријават уште 4 личности со кои треба да се натпреварувате. Трката започнува, а со тоа колку брзо пишувате, се борите за 1-вото место. Исто така има и брзинометар кој ви покажува со која брзина пишувате.

TypeRacer

Кои Linux Terminal наредби ги користите најмногу?

Tags: ,

За сите Linux корисници еве една кратка наредба со која ке можете да видите кои наредби најмногу сте ги користеле во вашиот Terminal.

history|awk ‘{a[$2]++} END{for(i in a){print a[i]” “i}}’|sort -rn|head

Еве ја листата на моите топ 10 команди.

The Human Fly

5 добри замени за Notepad

Tags: ,

Notepad е Windows апликација која се инсталира со самата инсталација на Windows. Оваа аликација е доста корисна за оние почетниците, они на кои им е потребно само да запишат нешто. Но што се однесува до оние “hardcore” корисници, Notepad преставува алатка која нема никаква функција.

На ред се 5 апликации, кои се добра замена за Notepad, и доста корисни за “hardcore” корисниците.

1. ProNotepad 2

ProNotepad 2 има доста брзи и корисни особини за пребараување и едитирање.

2. Notepad++

Notepad++ преставува “Open Source” апликација, и е мој фаворит. Има можност за едитирање на повеќе типови на фајлови, а исто така можете да користите влечи/пушти опција за отварање на накој фајл.

3. Notepad 2

Notepad 2 пресавува уште една замена за Windows Notepad. Notepad 2 се стартува без инсталација, и не прави промени во регисрите.

4. Metapad

Metapad е мала слатка замена за Notepad. Ги има сите функции кои ги има Notepad, плус уште некои додатни.

5. NoteXpad 2.0

NoteXpad 2.0 преставува замена за Notepad, за Windows 5.0 и повисоки дистрибуции. Додава дата/час на документот и ја памти позицијата на екранот и големината.

Епа сега “hardcore” корисници, заменете го вашиот Notepad со една од дадените апликации.

© 2010 Alifaan – The Human Fly. All Rights Reserved.

This blog is powered by the Wordpress platform and beach rentals.