Alifaan – The Human Fly

AlternativeTo – Најдете алтернативна програма

Tags: ,

AlternativeTo преставува добро место каде ќе можете да најдете алтернативна програма. Алтернативна програма во однос на оперативниот систем, или пак на цената. Доколку користите Windwos оперативен систем, а сакате да пробате Linux но не знаете дали вашата омилена програма има Linux верзија, овде можете да проверите, или пак да најдете некое алтернативно решение.

Сајтот има 5 категории во кој може да бидат поделени програмите, и тоа All каде може да се пребаруваат програми за секаков оперативен систем, Windows категорија само за Windows програми, Linux и Mac соодветно, и последната категорија е категорија каде можете да најдете Online програми.

Секој најавен корисник има можност сам да додаде некоја порограма доколку ја нема во базата, да коментира за одредена програма или пак да ја додеда во свои омилени програми. Проверете и уверетесе сами.

Логирајте се на Windows или Linux без познавање или менување на лозинките

Tags: , , ,

Сите оперативни системи имаат можност за сетирање на лозинка со чија помош би се забранил пристапот до одредени корисници. Но што ако некогаш по грешка се забрани пристап на некој кој треба да го има, или се внесе некоја погрешна лозинка, а да не набројувам колку случаи има кога корисниците си ги “забораваат” своите лозинки.

Епа мора да има начин како да се влезе во системот без претходно познавање на лозинките. Се работи за една многу мала  (ептен мала) алатка, која е бесплатана и може да ви овозможи да се логирате на било кој Windows или Linux оперативен систем, без никакви промени во оперативниот систем, што значи потоа ќе може секој корисник да се логира на неговите претходни податоци. Епа ајде да ви објаснам како да го направите тоа.

Прво што треба да направите е да ја симнете програмата Kon-Boot. Откога ќе ја симнете, и одзипувате ќе добиете iso фајл. Овој iso фајл ќе треба да го изрежете на CD притоа да може да се подигне пред стартување на оперативниот систем, а доколку не знаете како да го сторите тоа, овде ќе го научите.

По изрежувањето на CD-то, време и да тестирате што сте направиле. Рестартирајте го компјутерот, при подигунувањето на биосот сетирајте прво да се подигне од CD. Кога ќе ги снимите промените во биосот, компјутерот ќе се рестартира, и ќе се подигне CD-то.

Првата слика која ќе ви се појави е следнава

kon-boot1

за да не чекате, можете да притиснете Enter, и следно што би требало да се појави на екранот е

kon-boot11

по овој прозорец следи подигнување на вашиот оперативен систем.

Доколку има еден акаунт, можно е автоматски да ве логира, без претходно венсување никакви податоци. Ако пак има повеќе акаунти, вие ќе мора да внесете име на кој акаунт сакате да се логирате а за лозинка оставете празно, или пишете што сакате. Толку од магијата, веќе би требало да сте логирани на системот.

За крај неколку информации во врска со програмата диструбуцијата или како сакате наречете ја.

Kon-Boot не врши никаква промена на опциите во вашиот оперативен систем, по рестарт ќе можете да се логирате со претходните кроснички имиња/лозинки.

Програмата е ептен мала, по одзипувањето iso фајлот е голем само 110KB. Овој фајл мора да биде изрежан правилно за да може да се бутира ситемот од CD. За да бидете сигурни изрежете го фајлот користејќи го ова упатство. Откога ќе го изрежете правилно и погледенете што има на CD-то, тоа треба да е празно.

Како најважно, не ја користете програмата за било какви нелегални работи, или провалување во нечиј комјутер. Можете да изгубите вистиски пријатели, работни места и слично.

Програмта е тестирана и работи за Windows XP.

Како да направиш бутабилно CD од некој iso фајл

Tags: ,

Секојдневно можеме да најдеме фалови познати како disk image, со наставка iso. Овие фајлови се еден тип на архивирана содржина која би требало да се смести на CD. Еве еден едноставен начин како да ја сместите содржината на CD и притоа CD-то да биде бутабилно (да може да се стартува пред стартување на оперативниот систем, како негова замена).

  1. Ставете празен диск во вашиот CD рекордер
  2. Најдете го фајлот кој треба да се смести на CD-то (iso фајл), и додатедего
  3. Кликнете на Write за да изрежете

Но се разбира дека за тоа ви е потребен ImgBurn, бесплатна програма без чија помош не би можеле правилно да ја сместите содржината на iso фајлот на CD.

screenshot_read1

YouTube RealTime

Tags: ,

YouTube RealTime е нов сервис на YouTube, и преставаува серис за итеракција помеѓу вашите пријатели на YouTube во реално време. Сервисот се појавува во долниот дел на секоја YouTube страница, и откога ќе го вклучите имате 3 опции понудени.

youtube realtime

Доколку кликнете на Watching Now ќе ви се појави листа на корисници кои моментално го гледаат клипот кој го гледате вие.

Online Friends е делот каде можете да видите кои од вашите пријатели се online, да споделите видео со сите, или со некој поединечно. Исто така доколку одите со гушецот над вашиот пријател, ќе ви се појави дополнителн дел каде ќе можете да ја видите активноста на вашиот пријател.

Последниот дел е дел за нотификации.

Благодарение на IT.com.mk добив покана да го испробам овој сервис од YouTube, а сега имам можност и да споделам 25 покани за користење на истиот. Оние кои сакаат да добијат покана нека ме додадат во пријатели, и поканате ќе им биде испратена во најскоро време.

Барајте слики на Flickr според бојата

Tags: , , ,

Flickr, е сервис за споделување на фотографии во сопственост на Yahoo!. Од Април 2008 овој сервис воведе можност за споделување и на видео. Пребарувањето на слики низ овој сервис се одвива преку една форма за пребарување во која има можност да одберете кои слики ќе ги пребарувате, и дали ќе пребарувате по таг или цел текст.

Но, еве еден поинтересен начин како да пребарувате слики на Flickr. Едноставно одберете боја и пребарувајте по неа. Multicolor Search Lab ви го нуди тоа.

flickr-search

Испробајте ја магијата на Multicolor Search Lab.

© 2010 Alifaan – The Human Fly. All Rights Reserved.

This blog is powered by the Wordpress platform and beach rentals.