AddToRun е програма која ќе ви овозможи да додадете алиас за било кој .exe фајл, било тоа да е програма или некоја игра. Вака креираниот алиас ќе можете да го внесете во вашиот RUN прозорец и веднаш да и пристапите на програмата. Програмата е голема само 250 KB а работи на XP, Vista и Windows 7.
Одкога ќе ја симнете одзипувајте ја и стартувајте ја. Во прозорецот кој ќе се појави внесете ја патеката на некој .exe фајл и во долниот дел напишете како да биде алиасот за соодветната програма. Следно притиснете Add и ќе ви се појави прозорец дека успешно сте креирале алиас.

За стартување одете во RUN и внесете го алиасот кој го креиравте.

Тоа е се, програмта ќе се стартува.
Recent Comments