Сите оперативни системи имаат можност за сетирање на лозинка со чија помош би се забранил пристапот до одредени корисници. Но што ако некогаш по грешка се забрани пристап на некој кој треба да го има, или се внесе некоја погрешна лозинка, а да не набројувам колку случаи има кога корисниците си ги “забораваат” своите лозинки.
Епа мора да има начин како да се влезе во системот без претходно познавање на лозинките. Се работи за една многу мала (ептен мала) алатка, која е бесплатана и може да ви овозможи да се логирате на било кој Windows или Linux оперативен систем, без никакви промени во оперативниот систем, што значи потоа ќе може секој корисник да се логира на неговите претходни податоци. Епа ајде да ви објаснам како да го направите тоа.
Прво што треба да направите е да ја симнете програмата Kon-Boot. Откога ќе ја симнете, и одзипувате ќе добиете iso фајл. Овој iso фајл ќе треба да го изрежете на CD притоа да може да се подигне пред стартување на оперативниот систем, а доколку не знаете како да го сторите тоа, овде ќе го научите.
По изрежувањето на CD-то, време и да тестирате што сте направиле. Рестартирајте го компјутерот, при подигунувањето на биосот сетирајте прво да се подигне од CD. Кога ќе ги снимите промените во биосот, компјутерот ќе се рестартира, и ќе се подигне CD-то.
Првата слика која ќе ви се појави е следнава

за да не чекате, можете да притиснете Enter, и следно што би требало да се појави на екранот е

по овој прозорец следи подигнување на вашиот оперативен систем.
Доколку има еден акаунт, можно е автоматски да ве логира, без претходно венсување никакви податоци. Ако пак има повеќе акаунти, вие ќе мора да внесете име на кој акаунт сакате да се логирате а за лозинка оставете празно, или пишете што сакате. Толку од магијата, веќе би требало да сте логирани на системот.
За крај неколку информации во врска со програмата диструбуцијата или како сакате наречете ја.
Kon-Boot не врши никаква промена на опциите во вашиот оперативен систем, по рестарт ќе можете да се логирате со претходните кроснички имиња/лозинки.
Програмата е ептен мала, по одзипувањето iso фајлот е голем само 110KB. Овој фајл мора да биде изрежан правилно за да може да се бутира ситемот од CD. За да бидете сигурни изрежете го фајлот користејќи го ова упатство. Откога ќе го изрежете правилно и погледенете што има на CD-то, тоа треба да е празно.
Како најважно, не ја користете програмата за било какви нелегални работи, или провалување во нечиј комјутер. Можете да изгубите вистиски пријатели, работни места и слично.
Програмта е тестирана и работи за Windows XP.



Recent Comments