Alifaan – The Human Fly

PicClick – пребарајте низ eBay и Amazon преку слики

Tags: , , ,

Еве една интересна веб страна за сите зависници на eBay и Amazon. PicClick пребарувачки сајт на кој ќе можете да пребарате одреден производ избирајќи ја соодветната категорија. Но интересно е тоа што овде производите се преставени во вид на сликички. Производот е прикажен на мала слика и под неа има дополнителни информации како име на производот, цена. Освен пребарување по дадените категории има и форма каде можете да венесете име и да барате по него. Вреди да се проба, а колку е корисен ќе кажете самите вие eBay и Amazon зависници, бидејќи јас не сум еден од нив.

CPU-Z брз начин да видите каков компјутер користите

Tags: , ,

CPU-Z е бесплатна апликација наменета за Windows оперативните системи. Со неа имате можност на брз начин да дознаете каков хардвер користи вашиот компјутер. Каков процесор користите, на која фрекфенција работи, колко L1 и L2 кеш меморија има, каква е вашата RAM меморија, кој тип на матична плоча имате и која верзија на биос има на неа. Сето ова и многу повеќе од CPU-Z.

Оваа апликација можете да ја симнете од следниов линк CPU-Z.

Минимизирајте повеќе апликации во една икона од вашиот system tray

Tags: , ,

Minime е мала корисна апликација за корисниците на Windows оперативните системи. Со неа ќе можете да ја минимизирате било која апликација наместо во taskbar-от, во system tray. Кога Minime е стартуван искористете ја кратенката Ctrl+Shift+Z за минимизација.

Со десен клик на Minime во system tray, вие ќе можете да повратите една или сите минимизирани аликации.

Конвертирај од pdf во doc формат

Tags: , , , ,

Кога излезе најновата верија на OpenOffce ви напоменав дека за една недела се симнаа дури 3,009,832 примероци. Во тој пост беа споменати две екстензии кои се едни од најупотребуваните. Една од тие две беше за конверзија од doc, odt формат во pdf формат. Сега ќе ви преставам како да го направите обратниот начин односно од pdf да стигнете до word датотека.

Постојат два начина да се направи ова. Едниот е да ја симнете FREE PDF to Word Doc Converter да ја инсталирате и да завршите работа. Доколку ова е тешко за вас и сакате полесен начин тогаш се што треба е да отидете на PDF Converter или Convert pdf Document to word и да ја завршите работата од вашиот прелистувач.

Како да ги отстраните додатните информации од некоја Word датотека

Tags: , , ,

Сигурен сум дека повеќето знаат дека откога ќе креираат некоја word(.doc) датотека, самата програма додава информации. Во овие информации може да се најде точниот датум кога таа е креирана, кој е нејзин автор, кога е последен пат изменета, и слични вакви информации. Овие информации како кој е нејзин автор се додаваат врз основа на тоа на кој е регистрирана програмата од која таа датотека е креирана.

Така се фаќаат препишувачите на домашни задачи и дипломски работи. Едноставно доколку вие сами не креирате нова датотека, а ја измените старата, вашето корисничко име од програмата се додава како едитор а не како автор. Доколку сакате информациите за автор да се од вас, или ќе морате да ја ископирате цела содржина во нов документ или ќе морате да ја користите алатката Doc Scrubber.


Со оваа алатка ќе можете да го смените и авторот и компанијата од каде е креирана датотеката. Затоа користете Doc Scrubber кога препишувате.

© 2010 Alifaan – The Human Fly. All Rights Reserved.

This blog is powered by the Wordpress platform and beach rentals.