Секојдневно излегува некоја Linux дистрибуција. Они кои сакаат да ја пробаат, приморани се да ја изрежат на CD. Но сега има подобар начин како да го сторат тоа. Со едноставно креирање на подигнувачки (bootable) USB стик. Еве како да го сторите тоа.
Прво што ви е потребно е најнормално некоја програма која ќе го креира овој стик. За таа цел, а и од многу други причини ќе ја користиме UNetbootin. Освен програмата ќе ви биде потребен и еден USB стик од минимум 1GB. Доколку сте спремни почнуваме.
Програмата не бара никаква инсталција, ја стартувате и се појавува прозорецот.
Постојат 3 можности како да го направите стикот. Доколку поседувате некоја Linux дистрибуција на вашиот компјутер во *.iso формат, одберета ја втората опција. Во полето десно најдете ја локацијата каде таа е сместена во компјутерот. Доколку немате никаква дистрибуција едноставно селектирајте ја првата опција, одберете дистрибуција и потоа веризија. Програмата сама ќе ја симне од интернет диструбуцијата и смести на вашиот стик. Третата опција е понапредна, па нема да ви треба. Откога ќе го одберете начинот на кој сакате да креирате подигнувачки USB стик останува само да во делот Type да одберете USB Drive и да го слектирате вистинскиот стик.





Recent Comments