Пред извесно време официјално беше пуштена во употреба новата верзија на Opera, Opera 9.5. Opera 9.5 има значителни подобрувања за разлика од нејзиниот претходник, со што се обидува да му конкурира на Firefox.
Она за што јас најмногу ја обожавам Opera, е Speed Dial функцијата. Со нејзина можност имате на располагање 9 веб страни, од каде може брзо да пристапите до нив. Оваа можност е значително корисна, но за жал имаше и недостаоци. Во времето кога прв пат ја забележав беше изворедна, но по извесно време на користење сакав да имам повеќе од 9 табови. Кога се распрашав на официјалниот сајт ми рекоа дека нема можност за нивно зголемување. Тоа беше еден од проблемите со кои се соочија голем дел од корисниците на Opera.
Но во новата верзија Opera 9.5, има можност да се зголеми бројот на табовите. Еве како можете да го направите тоа:
- Отворете Opera и во нов таб пишете opera:about
- Во Paths, забележете ја патеката на Preferences
- Затворете ја Opera, и одете до патеката на Preferences
- Овде ќе го најдете фајлот speedial.ini отворете го со некој текст едитор
- Вонего додадете го следново
[Size]
Rows=4
Columns=4
Во зависност од вашиот монитор можете да ги смените бројките и да си го прилагодите како на вас ќе ви одговара најмногу.




Recent Comments