Alifaan – The Human Fly

Стартувајте програми користејќи алиаси

Tags:

AddToRun е програма која ќе ви овозможи да додадете алиас за било кој .exe фајл, било тоа да е програма или некоја игра. Вака креираниот алиас ќе можете да го внесете во вашиот RUN прозорец и веднаш да и пристапите на програмата. Програмата е голема само 250 KB а работи на XP, Vista и Windows 7.

Одкога ќе ја симнете одзипувајте ја и стартувајте ја. Во прозорецот кој ќе се појави внесете ја патеката на некој .exe фајл и во долниот дел напишете како да биде алиасот за соодветната програма. Следно притиснете Add и ќе ви се појави прозорец дека успешно сте креирале алиас.

addwinampstart

За стартување одете во RUN и внесете го алиасот кој го креиравте.

winampruncommand

Тоа е се, програмта ќе се стартува.

Логирајте се на Windows или Linux без познавање или менување на лозинките

Tags: , , ,

Сите оперативни системи имаат можност за сетирање на лозинка со чија помош би се забранил пристапот до одредени корисници. Но што ако некогаш по грешка се забрани пристап на некој кој треба да го има, или се внесе некоја погрешна лозинка, а да не набројувам колку случаи има кога корисниците си ги “забораваат” своите лозинки.

Епа мора да има начин како да се влезе во системот без претходно познавање на лозинките. Се работи за една многу мала  (ептен мала) алатка, која е бесплатана и може да ви овозможи да се логирате на било кој Windows или Linux оперативен систем, без никакви промени во оперативниот систем, што значи потоа ќе може секој корисник да се логира на неговите претходни податоци. Епа ајде да ви објаснам како да го направите тоа.

Прво што треба да направите е да ја симнете програмата Kon-Boot. Откога ќе ја симнете, и одзипувате ќе добиете iso фајл. Овој iso фајл ќе треба да го изрежете на CD притоа да може да се подигне пред стартување на оперативниот систем, а доколку не знаете како да го сторите тоа, овде ќе го научите.

По изрежувањето на CD-то, време и да тестирате што сте направиле. Рестартирајте го компјутерот, при подигунувањето на биосот сетирајте прво да се подигне од CD. Кога ќе ги снимите промените во биосот, компјутерот ќе се рестартира, и ќе се подигне CD-то.

Првата слика која ќе ви се појави е следнава

kon-boot1

за да не чекате, можете да притиснете Enter, и следно што би требало да се појави на екранот е

kon-boot11

по овој прозорец следи подигнување на вашиот оперативен систем.

Доколку има еден акаунт, можно е автоматски да ве логира, без претходно венсување никакви податоци. Ако пак има повеќе акаунти, вие ќе мора да внесете име на кој акаунт сакате да се логирате а за лозинка оставете празно, или пишете што сакате. Толку од магијата, веќе би требало да сте логирани на системот.

За крај неколку информации во врска со програмата диструбуцијата или како сакате наречете ја.

Kon-Boot не врши никаква промена на опциите во вашиот оперативен систем, по рестарт ќе можете да се логирате со претходните кроснички имиња/лозинки.

Програмата е ептен мала, по одзипувањето iso фајлот е голем само 110KB. Овој фајл мора да биде изрежан правилно за да може да се бутира ситемот од CD. За да бидете сигурни изрежете го фајлот користејќи го ова упатство. Откога ќе го изрежете правилно и погледенете што има на CD-то, тоа треба да е празно.

Како најважно, не ја користете програмата за било какви нелегални работи, или провалување во нечиј комјутер. Можете да изгубите вистиски пријатели, работни места и слично.

Програмта е тестирана и работи за Windows XP.

Како да направиш бутабилно CD од некој iso фајл

Tags: ,

Секојдневно можеме да најдеме фалови познати како disk image, со наставка iso. Овие фајлови се еден тип на архивирана содржина која би требало да се смести на CD. Еве еден едноставен начин како да ја сместите содржината на CD и притоа CD-то да биде бутабилно (да може да се стартува пред стартување на оперативниот систем, како негова замена).

  1. Ставете празен диск во вашиот CD рекордер
  2. Најдете го фајлот кој треба да се смести на CD-то (iso фајл), и додатедего
  3. Кликнете на Write за да изрежете

Но се разбира дека за тоа ви е потребен ImgBurn, бесплатна програма без чија помош не би можеле правилно да ја сместите содржината на iso фајлот на CD.

screenshot_read1

DestoryTwitter омилена Twitter апликација + моја тема

Tags: ,

За оние кои не знаат што е Twitter,  иако сметам дека нема такви, сепак да кажам дека Twitter преставува сервис за размена на кратки пораки од 140 карактери. Како и да звучи ова, Twitter секојдневно го зголемува својот број на корисници.

twitter-stat

Twitter е сервис за кој има развиено безброј апликации. Од најразлични десктоп апликации, па до веб апликации, до најразлични javascript кодови, кои овозможуваат најразличен начин како да пратите порака. Јас како корисник на Twitter сум пробал неколку, како на пример TwitterFox екстензија за Firefox, Twhirl – десктоп апликација базирана на Adobe AIR, па до ping.fm кој го користам како MSN контакт за апдејт на Twitter пораки, Facebook статус и слично.

Моја најомилена апликација е DestroyTwitter. За да можете да ја користите оваа апликација потребно е да имате инсталирано Adobe AIR, а работи на Windows, Linux и Mac. Моментално ја користам верзијата 1.4.3b која има можност за менување на изгледот на апликацијата, или креирање на сопствен. Па бидејќи креирањето не е некоја посебна филозофија, седнав и си направив моја тема, која можете да ја најдете на следниов линк. Еве неколку слики како изгледа.

alifaan

Сите критики и сугеситии, во делот за коментари.

Заштитетеги вашите фалови во 256 битна енкрипција

Tags: ,

SafeHouse е апликација со која ќе можете да ги заклучите вашите фајлови од несакани личности. Користи 256 битна енкрипција и може да заклучи секаков вид на датотеки, како Word документи, PowerPoint презентации, слики, видео, и се останато. 

Една од предностите на оваа апликација е тоа што може да се користи кај било кој протабилен уред, како на пример USB стик.

Можете да ја симнете од следниов линк, а доколку не се снајдете како да ја користите погледнете го видеото.

© 2010 Alifaan – The Human Fly. All Rights Reserved.

This blog is powered by the Wordpress platform and beach rentals.