Пробај го Spotify

Не сум некој голем музички фан, не дека не слушам музика но не се оптеретувам со тоа да имам голема музичка колекција во мојот компјутер. Кога слушам музика најчесто слушам преку моите три омилени интернет радио станици Digitally Imported, Afterhours и Amsterdam Trance Radio или пак YouTube (знам дека не е музички сервис но мене ми служи совршено :))

Веќе подолг период слушам за Spotify, нов музички сервис. По започнувањето на соработката со Facebook и добрите критики кои ги прочитав решив да го пробам. На почеток наидов на неколку препреки од типот, не е достапен во Македонија, верзијата за Линукс не работи за слободна претплата но за се има лек. Во продолжение нема да го објаснувам сервисот само ќе ви кажам дека вреди да го пробате.

Се што треба да направите е да обезбедите некој бесплатен VPN сервис со IP адреса на некоја од земјите во кои е достапен Spotify како Холандија, Америка, Велика Британија, Финска, Норвешка, Шпанија. Јас користам ibVPN со сервер во Холандија. Вие можете да корисите било кој VPN сервис, на пример proXPN само при пријавување на страната на Spotify освен што ќе ја лажирате земјата ќе мора да најдете некој соодветен поштенски код. Следно што ви преостанува е да ја симнете апликацијата, да го стартувате вашиот VPN клиент, да се логирате и да почнете со слушање на музика. Не заборавајте да се поврзете со Facabook. Во продолжение следуваат неколку слики.

Објавено од alifaan

Димитар Крстевски, студент @ finki.ukim.mk | CCNA & CCNA Security | NetAcad амбасадор | Arch корисник | страст за дизајнирање, развивање и конфигурирање компјутерски мрежи

  • DaciSS

    Imas greska vo potpisot 😀 NetAcad абмбасадор

    Inace ja glasam za http://www.pandora.com/

    • Anonymous

      Фала за забелешката, грешката е поправена.

      Пандора не сум а пробал сеуште ама чим гласиш за неа ќе мора да а пробум. :)